Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возачи од денес ќе точите горива по нови цени

Возачи од денес ќе точите горива по нови цени

Од полноќ па во следните недела дена возачите ќе тошат горива по нова цена. Во понеделник претпладне Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цената на бензините ќе поскапи за половина денар, додека цената на дизелот ќе се намали за половина денар.

Од синоќа цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 се зголемува за 0,5 денари и се точи по цена од 69 денари за литар, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува исто така за половина денар, односно се продава за 71 денар за литар.

За половина денат Регулатрона одлучи да го намали Дизелот и од полноќ возачите може да го точат по цена од 61 денар по литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе ве чини 50,50 денари за литар.

Малопродажната нова цена на мазутот е 34,739 денари за килограм.

Инаку, минатата недела цените се зголемија од еден денар до денар ипол.


Слично

Поврзани вести