Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возачи од денес ќе точите горива по нови цени

Возачи од денес ќе точите горива по нови цени

Од ноќеска па се во следните недела дена ќе точите Еуросупер БС-98 и дизел по цени поскапи од минатата недела.

Ова станува јасно од одлуката на регулаторната комисија за енергетика согласно која цената на дизелот, екстра лесното масло за домаќинство и Еуросупер БС-98 од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар. 

Од друга страна пак Еуросупер БС-95 ќе се точи по стара цена.

Имено, Регулаторната комисија за енергетика одлучи цената на Еуросупер БС-95 да остане 67 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се точи за 69,50 денари.

Со Еуродизел резервоари ќе полните по цена од 60,50 денари, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50 денари.

Слично

Поврзани вести