Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возачи ни за лек, очајните превозници нудат високи плати

Возачи ни за лек, очајните превозници нудат високи плати

Во Хрватска нема доволно возачи за камиони, па затоа превозниците настојуваат со повисоки плати да привлечат луѓе за работа. 

Милан Врдољак вели дека ситуацијата во неговата фирма е како и во сите други затоа што кадар нема. 

„Одговорно тврдам дека во Хрватска под биро нема ниту еден професионален возач кој е заинтересиран за работа. Ако некој тврди дека има, како фирмите можат да се жалат дека имаат недостиг. Имаме распишано оглас за 50 професионални возачи. Треба да се увезе работна сила од БиХ или Србија“ - вели тој. 

Во меѓувреме смета треба да се работи на обука на млади возачи. 

Превозниците објаснуваат дека повеќе се исплати да ги покачат платите, отколку да им стојат камоните. 

Велат камионот дневно прави околу 200 евра трошок, без ралика дали работи или стои. 

Додаваат дека оваа професија се помалку е интересна за младите и тие не сакаат да се занимаваат со оваа работа. 


Слично

Поврзани вести