ВОЗАЧИ избегнувајте ја делницата од мотел „Македонија“ до Градско денес и утре!
Автопатот А1 на делницата од мотел „Македонија“ до Градско денес и утре ќе биде заворен од 05:00 до 18:00 часот.
Причината е добро позната-снимање на францускиот филм „A Fond“.
Движењето на возилата се пренасочува кон стариот пат.
Каква е состојбата со останатите патишта?
Суви коловози има речиси на поголемиот дел од сите сообраќајни правци ширум земјава.
Се препорачува внимателно возење со прилагодена брзина и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, а посебно внимавајте на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Слично
