Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возач во Белград удри момче и неколку метри го носеше на хаубата

Возач во Белград удри момче и неколку метри го носеше на хаубата

Во Белград пред Палатата Србија денеска возач со автомобил буквално прегази еден од демонстрантите кои протестираа против ископување литиум, објавија српските медиуми.

Возачот се обидел да ја пробие блокадата и со автомобилот удрил во момче кое учествувало на протестот. Тој неколку метри го носел момчето на хаубата, додека останатите демонстранти удирале по возилото обидувајќи се да го запрат.

„Мислам дека сум добро, дефинитивно ќе одам на лекар, но нема потреба од брза помош. Ова е мојот трофеј, и затоа бев истраен додека ме возеше на хаубата“, рече момчето. 

Тој сепак е добро и нема сериозни повреди. 

Слично

Поврзани вести