Возач со 1,85 промили алкохол во крвта возел во спротивна насока на автопат во Црна Гора
Полицијата во Црна Гора го уапсила П.К. на возраст од 56 години откако го фатиле како вози под дејство на алкохол во спротивната лента на автопатот „Принцеза Ксенија“.
Кај човекот се измерени 1,85 промили алкохол во крвта, пренесува „Вијести“. Судијата за прекршоци му изрекол глоба од 700 евра.
фото Твитер
Слично
