Воз кој сообраќал на релација Скопје-Битола удрил во камења
На влезниот сигнал на железничката станица Јане Сандански, вчера во 14.50 часот, возот кој сообраќал на релација Скопје-Битола, управуван од С.Н. (51), наишол на камења поставени на пругата.
Возот удрил во камењата, при што е предизвикана материјална штета. Безбедноста на патниците е загрозена, а повредени лица нема.
Ова е втор ваков инцидент овој месец. На почетокот на месецов, патничкиот воз што сообраќал на оваа иста релација, на дел од пругата помеѓу железничка станица Гостиражaни и железничка станица Прилеп, наишол и удрил во поставени камења маскирани со гранки, најверојатно поставени од непознати лица.
Слично
