ВОВЕДЕТЕ ГОРНА ЦЕНА ЗА ГАСОТ: 15 земји од ЕУ упатија барање до европската комисија
Европската комисија треба да предложи горна граница за цената на руската нафта.
15 земји од ЕУ бараат ограничување на цената на гасот во Европа. Франција, Италија, Шпанија, Белгија и Грција се меѓу потписниците кои бараат мерка без преседан.
Во писмото до еврокомесарот за енергетика Кадро Симсон, кое го пренесоа повеќе странски медиуми, министрите нагласуваат дека се зголемува бројот на земји членки кои поддржуваат воведување плафон за цената на гасот. Тие сметаат дека ограничувањето на цената на природниот гас ќе им овозможи на сите членки да го ублажат инфлацискиот притисок, да воспостават рамка за дејствување во случај на прекини во снабдувањето и да го ограничат вишокот профит во секторот.
„Ограничувањето на цената мора да важи за сите трансакции со природен гас на големо и да не биде ограничено на конкретни јурисдикции“, напишаа министрите. Претходно како можност се споменуваше воведување ценовни ограничувања само за рускиот гас.
Министрите за енергетика додадоа дека ценовната граница може да биде дизајнирана на таков начин што ќе обезбеди сигурност во снабдувањето и слободен проток на гас во Европа, а во исто време да се постигне намалување на потрошувачката на гас.
Од комесарот за енергетика Симсон беше побарано да подготви предлог за дискусија за ограничувањето на цената на состанокот на министрите за енергетика во петок.


