Воведени се санкции за 14 руски државни компании
Австралија ги прошири санкциите за повеќе руски компании.
Австралија воведе финансиски санкции за 14 руски државни компании. Опфатени се и компании вклучени во одбранбениот сектор, како што е производителот на камиони „Камаз“, и бродоградежните компании „СЕВМАШ“ и „ОСК“.
„Санкциите ќе бидат проширени и на „Роселектроникс“, која е одговорна за производство на околу 80 отсто од сите руски електронски компоненти, како и кон Руските железници“, се вели во соопштението на австралискиот министер за надворешни работи, Марис Пејн, пренесува „Ројтерс“.
Австралија досега санкционираше околу 600 руски физички лица и субјекти, вклучувајќи го и најголемиот дел од рускиот финансиски и банкарски сектор.
Официјална Канбера, ја снабдува Украина со одбранбена опрема и испраќа хуманитарна помош, а го забрани извозот на алуминиум и неговите руди, вклучително и боксит, во Русија.
Досега ЕУ, САД, Канада воведоа санкции за Русија поради инвазијата на Украина.
Eвропските земји кои продолжуваат да купуваат руска нафта заработуваат од туѓа крв, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во интервју за Би-Би-Си, Зеленски ги издвои Германија и Унгарија, обвинувајќи ги дека го блокираат процесот на ембарго.foto freepik.com
