Економија, финансии, бизнис

Контакт

Воспоставен регистарот на вистински сопственици во фирмите

Воспоставен регистарот на вистински сопственици во фирмите

Регистарот за вистински сопственици од денеска е воспоставен и истиот ќе покажува каде секое лице има сопственост, удел и колкав е тој удел, како обврска од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Секој потенцијален субјект законски е обврзан да пополни соодветен формулар во кој ќе наведе каде и во колку компании има сопственост, кои се тие, каде има удел, колкава е висината на уделот, каде има акции и каде е евентуално претседател на управен одбор. Секој удел на физичкото лице во кој било правен субјект треба да биде внесен во регистарот.

Блажо Трендафилов, директорот на Управата за финансиско разузнавање, рече дека секој субјект ја имаа оваа обврска да пополни пријава за да може да се ажурира во регистарот на вистински сопственици.

- 90 дневниот рок треба да се испочитува, инаку субкелтите ќе имаат проблем со нивното финансиско работење. Банките и сметководителите, како и останатите субјекти од деловен однос со нивните клиенти тоа мора да го пријават. Во спротивно, фирмите нема да може да се изготвуваат плати и да ги извршуваат другите дејности. Ако не е таа обврска испонета, се замрзнува деловниот однос со таквиот субјект, рече Трендафилов.

Истовремено се извршуваат обуки за внесување на податоците во Централниот регистар. Трендафилов пред медиумите рече дека податоците ќе бидат 100-отсто вистинити, односно дека газдите нема да се кријат зад други имиња.

Имено истиот треба да го бележи сопственикот, односно сопствениците на правното лице или оние кои имаат реална или друг вид на контрола врз истото

Слично

Поврзани вести