Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОШКИ СЕ ШИРАТ ПОМЕЃУ ДЕЦАТА ВО БЕЛГРАД: Во 21 век овој паразит се уште е проблем, еве која е најдобрата заштита

ВОШКИ СЕ ШИРАТ ПОМЕЃУ ДЕЦАТА ВО БЕЛГРАД: Во 21 век овој паразит се уште е проблем, еве која е најдобрата заштита

Во фризерските салони кои се занимаваат со отстранување на вошки и гниди, закажувањето може да потрае и една недела, јавува ТВ Прва.

Што треба да знаат родителите за овој вид инсекти, вистински кошмар и за децата и за возрасните?

Прво, постојат трикови кои можат да помогнат против овие напади.

Секој ден пред децата да заминат на училиште или на која било друга активност заедно, прскајте ја косата на децата со спреј против вошки или етерични масла. Важно е редовно да ги менувате видовите на масла, бидејќи вошките брзо се навикнуваат на одредени мириси и стануваат имуни на нив. Се препорачуваат масло од чајно дрво, нане, лаванда или рузмарин.

Не заборавајте редовно да ја проверувате косата на вашето дете, дури и ако главата не му чеша, бидејќи овој вид инсекти понекогаш не предизвикува чешање.

Заблуда е дека вошките одат само на валкана коса. За нив мамката е всушност чиста коса. Во борбата против нив може да ви помогнат и производите за обликување на косата (користење повеќе такви производи, како гел и лак), како и шампони кои не ги отстрануваат јајцата, па затоа е неопходна употреба на специјален, густ чешел.

Вошките не летаат и не скокаат, тие најчесто се пренесуваат со близок контакт, односно со споделување чешел или капа со лице кое веќе се бори со овие инсекти, а може да преживее и до 48 часа надвор од косата и скалпот, каде што се хранат. За тоа време, вошките и гнидите што му паднале од главата на домаќинот може да се пренесат на друго лице преку предмети, како што се четки за коса, навлаки за перници, но и потпирачи за глава во автобуси и авиони.

Вошките спаѓаат во групата на мали инсекти кои цицаат крв. Тие се движат приближно десет сантиметри во минута, а кога се гладни, уште побрзо. Ако вашето дете ги добие, не можете да се ослободите од нив без соодветен третман.

Како што велат експертите, доколку не се уништат навреме, вошките брзо се размножуваат. Тие не пренесуваат никакви болести, но имајќи предвид дека предизвикуваат интензивно чешање, на кожата може да се појават гребаници кои потоа може да се заразат.

Слично

Поврзани вести