Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ворен Бафет: Треба да се воведе 30% данок на доход за секој милионер во САД

Ворен Бафет: Треба да се воведе 30% данок на доход за секој милионер во САД
Ворен Бафет, кој во 2011 година стана популарен по дебатата за даночна реформа во САД со својот предлог богатите Американци да плаќаат повеќе, сега повикува на минимални даночни стапки за милионерите, соопшти Ројтерс, повикувајќи се на написот на легендарниот инвеститор за весникот Њујорк Тајмс. Бафет предлага американскиот Конгрес да делува веднаш за воведување на минималните  даноци од 30% на доход меѓу 1 и 10 милиони долари и за стапка од 35% за приходите над оваа граница. „Ова ќе биде едно јасно и едноставно правило што ќе ги блокира напорите на лобистите, адвокатите и пратениците жедни за слава, да ги задржат ниските стапки за најбогатите кои се далеку помали од оние на останатите луѓе со просечни приходи“, пишува тој. Новиот повик на Бафет е продолжение на тезата предложена во истиот весник во август 2011 година, со која тој го осуди газењето на богатите. Тогаш инвеститорот го посочи примерот со неговите примања и тие на секретарката и нагласи дека нејзината даночна стапка е многу повисока од неговата, иако нејзиниот приход е само мал дел тоа што инвеститорот го заработува. По овој напис "секретарка на Ворен Бафет" стана предмет на политички коментари, а самата Деби Босанек беше поканета од страна на претседателот Барак Обама да присуствува на годинашното обраќање "За состојбата на Сојузот". Статијата го испровоцира Обама да побара спроведување на како што го именуваше „Правилото Бафет“,односно воведување данок на доход од 30% за милионерите. Противниците на ваквиот потег тврдеа дека тој ќе ги задуши трошоците на богатите што создаваат работни места, но во последната статија Бафет ги исмева ваквите забелешки. „Милионерите, во кои спаѓам и јас, секогаш ќе бараат нови инвестициони можности", категоричен е тој. „Значи треба да заборавиме како богатите и најбогатите почнуваат штрајк и ставаат огромни средства под душек ако стапките на капиталните добивки и приходи растат“, посочува тој. Бафет, кој на листата на американското списание Форбс го зазема третото место меѓу за најбогат човек во светот, е извршен директор на „Berkshire Hathaway Inc“ - конгломерат со активности од производство на сладолед до осигурување и со над 250 000 вработени низ целиот свет. Во статијата тој истакнува и дека некои луѓе како него може да престанат да инвестираат, додека чекаат Конгресот да почне да дејствува. „Во меѓувреме, може да се судрите со некој кој  има сјајна инвестициска идеја, а кој нема да сака да ја оствари поради големите даноци“, признава инвеститорот и додава, „Можете да ми го испратите. Јас ќе го решам неговиот проблем“.              
Слично

Поврзани вести