Вооружени крадци украле милион евра од грчка банка
Тежок грабеж се случи денеска во грчкиот град Лариса кога двајца вооружени напаѓачи влетале во банка и украле еден милион евра.
Вооружени со автоматскa пушка „калашников“ и со пиштол, крадците влегле во подружница на Националната банка на Грција и со закани кон вработените, украле милион евра од каса.
Потоа, откако се активирал алармот крадците побегнале низ прозорец.Полицијата сеуште трага по нив, јавија грчките медиуми.
Слично
