Вооружена престрелка со полицијата во тетовско село
Вчера во тетовското село Чифлик дошло до вооружена престрелка откако полицијата требало да изврши контрола по пријава за две сомнителни возила. Полициските службеници се приближиле до возилото „опел корса“ со гостиварски регистарски таблички од каде едно лице отворило оган од пиштол на што било возвратено.
По пукањето лицето побегнало, а полицајците ги привеле четворицата кои се наоѓале во второто возило „ауди а3“ со скопски таблички. Во инцидентот нема повредени, велат од МВР, а по извршениот увид на местото, во тек се мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
Слично
