Вооружена пресметка во скопски Чаир, ранет случаен минувач
Во жестоката улична пресметка што вчера се случи меѓу две групи, во скопската населба Чаир, со огнено оружје беше ранет случаен минувач.
Тој се нашол на улицата „ "Дижонска", токму во моментов кога започнала кусата рафална престрелка, во која еден од испуканите куршуми завршил во него.
Потоа двете групи се разбегале со автомобили, а ранетиот бил пренесен во болница.
Засега не се познати мотивите за пресметката, ниту пак идентитетите на учесниците.
Слично
