Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОНРЕДНИ ИЗБОРИ: Србија гласа за нов Парламент

ВОНРЕДНИ ИЗБОРИ: Србија гласа за нов Парламент
Вкупно 6,7 милиони гласачи  имаат право на глас на вонредните парламентарни избори што се одржуваат денеска во Србија. Освен ова, во неколку српски града, меѓу кои и главниот град Белград се одржуваат и локални избори. Дури 3.020 кандидати се борат за 250 места во српскиот Парламент, а првите резултати се очекуваат вечерва пред полноќ. Сите анкети пред изборите покажуваат дека во огромна предност е десничарската Српска напредна партија (СНС) на досегашниот прв вицепремиер Александар Вучиќ. Но, сепак е неизвесно дали тој ќе успее да обезбеди апсолутно мнозинство во Парламентот. Трката за останатите места во Парламентот е далеку понеизвесна. Според предизборните прогнози, на второто место според довербата кај гласачите е помалиот партнер на СНС во владината коалиција, Социјалистичката партија на Србија (СПС) на актуелниот премиер Ивица Дачиќ, која може да се надева на меѓу 13,9 и 15,1 проценти од гласовите, а по неа следат Демократската партија (ДС) на Драган Ѓилас со меѓу 9,7 и 10,4 отсто, блокот на Новата демократска партија (НДС) на Борис Тадиќ со меѓу 7 и 7,3 проценти и Демократската партија на Србија (ДСС) со меѓу 6,4 и 6,9 отсто поддршка.  
Слично

Поврзани вести