Вонредната состојба во Варна продолжува и на Денот на жалост
Гувернерот на Варна Иван Великов соопшти дека тешката состојба во градот останува и понатаму, пишуваат бугарски медиуми.
„Една е формалната страна на законот, која вели дека со оглед на возобновената комуникацја нема потреба тешката положба да останува, но има уште многу работа да се направи во населбата Аспарухово“, посочува Великов.
Тој истакна дека жителите имаат потреба како од помош при чистењето на улиците и домовите, така и од емпатија и можност за мобилизирање на институциите и луѓето кои работат на местото на трагедијата.
„Многу нешта треба да се направат и колку што слушнав по поплавите во селото Бисер биле потребни 2 години за да се врати нормалниот начин на живот“, изјавил гувернерот.
Денеска под урнатините на улиците во Варна, поточно во населбата Аспарухов било откриено тело на 3-годишната Јованка Шопов.
Седум лица од жителите на улицата загинаа во поплавите, а потрагата по 6-годишниот Марин продолжува.
На денот на жалост, жртвите по потопот во приморскиот град се искачија на 12, меѓу кои се три деца.
Во другиот силно погоден град Добрич загина еден маж.
