Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вонредна средба во ЕУ поради бегалската криза

Вонредна средба во ЕУ поради бегалската криза

Министрите за надворешни работи на Република Чешка, Унгарија, Полска и Словачка утре ќе се сретнат со колегите од Германија и Луксембург во Прага да разговараат за бегалската криза, соопшти чешката Влада.

Средбата "треба да придонесе за подобро разбирање меѓу земјите во ЕУ во светлината на различните гледишта во врска со актуелната бегалска криза", гласи пораката.

Чешка, Унгарија, Полска и Словачка или Вишеградската четворка (Во-4) се противи на задолжителните бегалски квоти наметнати од Европската комисија.

Слично

Поврзани вести