Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вонредна состојба e прогласена на грчкиот остров Крит

Вонредна состојба e прогласена на грчкиот остров Крит

Вонредна состојба e прогласена на грчкиот остров Крит и поширокиот регион поради земјотресот кој утрово го погоди овој дел од Грција. 

Шатори со капацитет да згрижат 2.500 лица ќе бидат поставени во деловите погодени од земјотресот.  Веднаш ќе бидат отстапени 90 соби во хотелите во конкретниот регион.

Паралелно, преку бројот за итни случаи 112 на Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција, беше испратена порака до жителите на Крит да бидат претпазливи.

Премиерот Кирјакос Мицотакис на неговиот Твитер профил напиша дека целиот државен механизам е во состојба на готовност за да помогне во справувањето со последиците од земјотресот на Крит, изрази сочувство до семејството на загинатиот, а на повредените им посака брзо закрепнување.

Земјотрес со јачина од 6.2 степени утрово го погоди грчкиот остров Крит, при што едно лице загина, a десетина се повредени.

Слично

Поврзани вести