Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Волстрит журнал“: Очекувајте цена за барел нафта од 20 долари!

„Волстрит журнал“: Очекувајте цена за барел нафта од 20 долари!

Резервоарите за складирање на нафта во светот се речиси полни и наскоро нема да има каде да се чува суровината, што значи дека побарувачката ќе се намали и цената ќе падне, пишува „Волтстрит журнал“.

Причината за ваквата состојба е дека понудата на нафта ја надминува со 1,55 милиони барели дневно потрошувачката. Затоа во САД резервите на црното злато се на највисоко ниво во изминатите 80 години, а складишта во земјата се пополнети на 70%.

Според податоците на „Ситигруп“, иста е ситуацијата и во Европа, каде нaфтените складишта се полни 90%, додека во Јужна Кореја, Јужна Африка и Јапонија- се до 80%. Сосема наскоро нема да има каде да се прибере вишокот нафта и тоа ќе ги погоди цените, предвидуваат експертите.

Според предвидувањата на Светската енергетска агенција кон средината на 2015 година залихите на нафта и нафтени деривати во светот ќе го повторат рекордот основан во август 1998 година, кога во резервоарите имаше 2.83 милијарди барели и цената беше 13 долари. Ова ќе ги доведе цените на околу 20 долари за барел, велат експертите, земајќи ја  предвид инфлацијата од 1998 година досега.

Слично

Поврзани вести