Волстрит џурнал: Македонија 43-та според индексот за економска слобода
Македонија е на 43-то место по индексот за економска слобода во конкуренција од вкупно 177 земји опфатени со истражувањето, каде освои 68.2 индексни поени од можни 100, стои во резултатите од годишното истражување што го прави американската фондација „Херитиџ“ и весникот „Волстрит џурнал“.
Од земјите во регионот Бугарија е на 60-то место со 65 индексни поени, последна во групата земји, чии економии се оценети како „умерено слободни“.Албанија е на 58-ма со 65.2 поени, Романија 59-та со 65.1 поени, Србија на 94-то место со 58.3 индексни поени. Босна и Херцеговина се најде на 103-то место со 57.3 индексни поени.
Инаку, веќе 19-ти пат Хонгконг 19-та година е прогласен за наслободна економија во светот. Според „индексот за економска слобода“, Хонгконг доби 89,3 индексни поени. Некогашната британска колонија, која по преминувањето под кинеска јурисдикција под формулата „една земја - два системи“, задржа многу поволни услови за правење бизнис. Втор е Сингапур, а во првата петорка се исто така Австралија, Нов Зеланд и Швајцарија. Следуваат Канада, Чиле, Маурициус, Данска и САД. Континентална Кина е на 136-то место, а Русија на 139-то место.Последните три места им припаднаа на Еквадор, Аргентина и Украина.
Рејтингот се определува врз основа на оценки по десет основни категории, кои го земаат предвид степенот на економската и трговската слобода, отвореноста за инвестиции, мешањето на државата во економијата, како и факторот корупција.
