Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЛСТРИТ: Благ пад на индексите, акциите на Pfizer и Allergan под притисок

ВОЛСТРИТ: Благ пад на индексите, акциите на Pfizer и Allergan под притисок

На Волстрит во понеделникот во внимателно тргување цените на акциите паднале, после силниот раст минатата недела, а вложувачите не ги импресионирало ни рекордното презенање во фармацевтскиот сектор.

Dow Jones oслабел 31 поени, или 0,17%, на 17.792 поени, додека  S&P 500 склизнал 0,12 % посто на 2086 поени, а Nasdaq индексот 0,05% , на 5102 поени.  Неколку дена пред Денот на благодарноста, кога во САД нема да работат, вложувачите биле воздржани , па обемот на тргување на Волстрит бил значајно под просекот.

На американските берзи сопствениците вчера замениле 6,18 милијарди акции, додека просечен дневен обем во последните 20 дена изнесувал 7,2 милијарди.

Тоа е последица на вниманието на вложувачите откако минатата недела акциите силно скокнале повеќе од 3,3% , а S&P 500 индексот забележал највисок недела скок во година дена.

„После неделата во која цените на акциите силно сконаа, вложувачите не се импресионираа со новите макроекономски показатели, а некои дури предизвикале страв од бавниот раст на економијата отколку што се мислеше“, вели  Stephen Massocca, директор во фондот Wedbush Equity Management.

Во октомври продажбата на постоечките куќи во САД паднала, што укажува на одредени слабости на пазарот на недвижности после претходниот силен раст.

Под притисок се најдоа и акциите на Pfizer и Allergan бидејќи најголемото преземање во историјата на фармацевтската индустрија, вредна 160 милијарди долари, ќе доведе до помали заштеди отколку што претходно се проценуваше.

Со тоа, преземањето на Allergan од страна на Pfizer би можело да доведе до истрага против монопол и да се одложат плановите на Pfizer за поделба на две компании велат аналитичарите. Цената на акциите на Pfizer паднала 2,6 а, на Allergan 3,4 %.

„Беше тоа досаден ден, ако немате никакви врски со преземањето на Allergan од страна на Pfizer. Ако тоа го оставите на страна, пазарот бил бесецелен, а после силниот раст на цените минатата недела, нивната корекција на пониски не изненадува“, вели Brian Fensk, директор на компанијата ITG.

И на европските берзи цените на акциите вчера паднале. Лондонскиот FTSE индекс ослабнал 0,46%, на 6305 поени, додека франкфуртски DAX се лизна 0,25% на 11 092 поени, а париски CAC 0,44 %, на 4.889 поени.

Слично

Поврзани вести