Економија, финансии, бизнис

Контакт

Волфганг Шојбле веќе не ja исклучува можноста за излегување на Грција од еврозоната

Волфганг Шојбле веќе не ja исклучува можноста за излегување на Грција од еврозоната

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле веќе не ја исклучува можноста за излегување на Грција од еворозоната, која до пред неколку недели многу политичари ја сметаа за невозможна. Притоа станува збор за т.н. „Graccident“ - непланирано инцидентно напуштање на монетарната унија. Со претпоставката на Шојбле се согласи и австрискиот колега Ханс Јерг Шелинг.

Пред австриската телевизија „ОRF“ Шојбле изјавил: „Бидејќи одговорноста и можноста да се одлучи што ќе се случува е на Грција и бидејќи ние не знаеме точно што прават одговорните во Грција, не можеме да ја исклучиме можноста за излез од еврозоната“.

Германскиот министер за финансии изјавил дека Атина мора да ги исполни обврските, во спротивно нема да има понатамошни исплати на оваа програма. „Европа е подготвена да им помогне на Грција, но Грција треба сама да си помогне. Проблемот не може да се реши ако претворивме други во жртвени јарци“, изјавил Шојбле.

Премиерот на Грција Алексис Ципрас пристигна во петокот во Брисел на средба со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер. „Не сум задоволен од развојот на настаните во последните неколку недели. Не мислам дека имаме доволно напредок“, изјавил Јункер. „Целосно го исклучувам неуспехот. Не сакам неуспех. Сакам европејците да одат заедно. Сега не е време за поделби“, додал тој.

Според Ципрса проблемот на Грција е проблем и на Европа. „Грција веќе започна да ги исполнува обврските наведени во одлуката на Еврогрупата од 20 февруари, па ние го исполнивме својот дел и очекуваме нашите партнери да ги исполнат нивните“, изјавил Ципрас. „Сега е времето да упатиме порака со надеж до Грците, не само“ „додавај, додавај, додавај“ и „заглави, обврски, обврски“.

„Волстрит џурнал“ коментира дека Алексис Ципрас ризикува да ја поведе Грција кон катастрофа и има само неколку дена, за да ја извади земјата од работ на рушење. Три месеци по изборите и само шест недели откако тој стана премиер, грчката економија ја спушти главата напред надолу. Кревкото закрепнување беше суспендирано и во секој момент на Грција ќе и снема пари, предупредува весникот. Сепак, никој не знае кога точно, бидејќи Атина одби дозвоа претставници на еврозоната да проверат. Некои се сомневаат дека самиот министер за финансии Јанис Варуфакис не е свесен за целата ситуација. Покрај тоа, неговата репутација настрада многу и во еврозоната речиси никој не му верува.

Слично

Поврзани вести