Економија, финансии, бизнис

Контакт

Волерс и Ристески го отворија параглајдинг настанот летајќи над Прилеп

Волерс и Ристески го отворија параглајдинг настанот летајќи над Прилеп

Градот под кулите Прилеп денеска беше домаќин на манифестацијата „Прилеп опен 2014“ каде што се одржа меѓународен натпревар по параглајдерство.

Честа да го отворат настанот и да летаат над Прилеп им припадна на американскиот амбасадор Пол Волерс и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

Овој спортски настан ќе трае два дена е своевиден предизвик за над 80 параглајдеристи од повеќе земји од регионов кои посакаа да бидат дел од  „Параглајдинг купот во дисциплина прецизно слетување“.

Имено, ова е нова платформа за параглајдерство, проект на УСАИД и општина Прилеп за експанзија на малите бизниси, и истиот беше промовиран денеска кја Трескавец.

- Многу сум среќен што сум тука и среќен што ќе го видам Прилеп од птичја перспектива. Многу е добро ова што се работи преку проектот за експанзија на малите бизниси и го развива активниот туризам, како и капацитетот на Македонија. Тоа што е добро за Прилеп, е добро за Македонија, изјави Волерс.

Според прилепскиот градоначалник пак, оваа платформа ги задоволува европските и светските стандарди. Прилеп се етаблира во центар на екстремните спортови со мотоциклизмот и со болдерингот.

„Со овој натпревар ја затвораме сезоната на првенствата во екстремните спортови“, изјави Ристески.

(ФОТО: 10без10)

Слично

Поврзани вести