Волерс го брани својот наследник: Изјавата на Бејли е погрешно пренесена!
Политиката на САД во однос на македонскиот идентитет не се менува, тврди актуелниот амбасадор на САД во земјава Пол Волерс, во одбрана на неговиот наследник на оваа функција Џес Бејли.
Според Волерс, изјавата на Бејли пред Сенатот, во која тој наместо „Македонци“ го употреби терминот „Словени“, била погрешно пренесена и извадена од контекст.
„ Мислам дека ова беше една непотребна контроверзија и резултат на недоразбирање најверојатно предизвикана од лошо известување за настаните. Изјавата беше извадена од контекст бидејќи амбасадорот не даде никаква изјава во однос на етникумите, туку само одговараше на прашање кое се однесува на Охридскиот рамковен договор“, рече Волерс.
На овој начин тој се обиде да ја смири ситуацијата по вчерашната вербална протестна нота што заради настанот ја упати македонското МНР.
Слично
