Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вол Стрит Журнал: На Балканот „врие“ нова криза која ја подгреваат Русија и Турција

Вол Стрит Журнал:  На Балканот „врие“ нова криза која ја подгреваат Русија и Турција

На неодамна завршеното советување зад затворени врати, добро информиран германски дипломат изјавил дека Западниот Балкан е проблем на Европа кој предизвикува најголеми грижи. 

Таму врие нова криза која ја подгреваат Русија и Турција, смета тој, пренесува Вол Стрит Журнал.

Тој е убеден дека Русија и Турција ќе ги охрабруваат нивните експоненти на Балканот, Србија и Албанија, да им помогнат во прекројувањето на границите. Србија со руска помош може да анектира големи делови од Босна кои се населени со етнички Срби додека Турција би можела да и помогне на Албанија да преземе сличен маневар не само на претежно албанското Косово, туку и во Македонија, каде поголемиот дел од албанското малцинство би сакал да се припои со матичната земја, пишува весникот.

Ситуацијата на Балканот се расплетува и Западот мора да се грижи за повеќе работи, пренесува Вол Стрит Журнал, не само за руското мешање, туку и за Турција, каде претседателот Ердоган се поблиску соработува со рускиот претседател, Владимир Путин. Државите како Србија, Македонија, Црна Гора, Косово и БиХ тврди весникот, попрво би биле членки на ЕУ отколку сојузници на Русија и Турција. 

Слично

Поврзани вести