ВОЈВОДИНА ПРОТИВ ПУТИН: Му порачаа да си оди
Во неколку градови на Војводина се појавија натписи на кои на англиски јазик пишува „Путин, оди си дома“. Нив ги потпишала организацијата „Млада Војводина“.
Натписите се појавиле во Нови Сад, Зрењанин, Кикинда, Бачки Петровец, Врбас, Бечеј, Нов Бечеј. Организацијата „Млада Војводина“ и претходно правела слични акции.
Станува збор за нерегистрирана организација, која себе се доживува, како што пренесуваат медиумите од Војводина, како револуционерно републиканско движење, чии симпатизери се слаби политичари.
„Млада Војводина“ ѝ е позната на јавноста кога по изборите во шпанската покраина Каталонија и победата на партијата што се залага за отцепување испиша графити „Војводина=Каталонија“.
Рускиот претседател, Владимир Путин е во посета на Србија.Со 4 идентични авиони, неколку двојници и многу агенти, Путин, точно во 13 часот и 10 минути пристигна во официјална посета на земјата. Него го пречека неговиот колега, Александар Вучиќ.
