Економија, финансии, бизнис

Контакт

Војската на Србија ќе маршира на парадата во Москва

Војската на Србија ќе маршира на парадата во Москва

Српскиот претседател Томислав Николиќ одлучил српската армија да учествува на "Парадата на победници" во Москва на 9 мај, соопштуваат денеска од српското Министерство за одбрана.

ВС ќе учествува на "Парадата на победниците" врз основа на повикот на министерот за одбрана на Руската Федерација, Сергеј Шоигу, по повод одбележувањето на 70-годишнината од победата на Советскиот народ во Големата патриотска војна од 1941-1945, пишува во соопштението.

Претседател Николиќ во согласност со своите надлежности, а врз основа на Уставот, Законот за одбрана и Законот за Војската на Србија и Правилата на службата на ВС, донесе одлука за учество на припадниците на војската на "Парадата на победниците" по повод одбележувањето на Денот на победата на Црвениот плоштад во Москва, на 9 мај оваа година, се додава.

Николиќ на шефот на Делегација на ЕП Едуардо Кукану претходно му порача дека залудно врши притисок на него да не оди на воената парада во Москва на 9 мај.

Инаку прашањето, кој од сите политичари ќе учествува на оваа парада предизвика доста контроверзии.

Како што изгледа, судејќи според досегашните одвивања, на 9 мај во Москва нема да бидат лидерите на земјите сојузнички.

Последен во низата е инцидентот помеѓу претседателот на Чешка Милош Земан и амбасадорот на САД во таа земја Енри Шапиро.

Шапиро го критикуваше Земан поради тпа што патува во Москва на парадата поради што тој одлучил во иднина да го бојкотира амбасадорот на САД.

Амбасадорот на САД во Прага Ендрју Шапиро после тоа на претседателот Земан му порачал дека неговите врати остануваат отворени иако претседателот најавил дека ќе го бојкотира.

Слично

Поврзани вести