Економија, финансии, бизнис

Контакт

Војниците протестираа за повисоки плати

Војниците протестираа за повисоки плати

Војниците денеска излегоа на протест пред Владата и побараа покачување на платите.

На протестот учествуваа и војници кои туку што се вратиле од јужната граница. Бараат изедначување на платите и третманот со полицијата. Посочуваат дека нивните дневници се драстично помали во однос на другите вработени во администрацијата. Објаснуваат дека веќе  една година се обидуваат преку Министерството за одбрана да издејствуваат подобрување на армискиот стандард, но резултати нема.

Од Министерството за одбрана реагира дека во неколку наврати се одржани разговори со синдикатите на кои е посочено дека стандардот на Армијата останува приоритет за надлежните институции. Се наведува дека и покрај непланираното ангажирање на припадниците на Армијата на јужната граница поради мигрантската криза, нема застој во исплатата на обврските кон вработените во Министерството и припадниците на Армијата и дека дневниците им се зголемени за 30%, што, како што велат, е голем исчекор напред. Од МО информираат дека постојано работат на унапредувањето на условите за работа и престој на јужната граница.

Слично

Поврзани вести