Војната во Украина ја вивна цената на златото и нафтата
Поскапеа нафтата, но и златото.
Цените на златото нагло скокнаа, a нафтата e најскапа во последните 7 години. Наглиот раст на цената на „црното злато“ го предизвика веста дека Русија започна воена операција во Украина. Цената на европската нафта Брент скокна за 7,07 долари или 7,3 отсто, на 103,91 долар за барел, пренесува „Ројтерс“. Цената на унца злато утринава поскапе за 1,8 отсто, на 1.941,50 долари и накратко го допре највисокото ниво од минатиот јануари, од 1.948,77 долари.
Слично
