Економија, финансии, бизнис

Контакт

Војната на Блискиот Исток го „стресе“ еврото

Војната на Блискиот Исток го „стресе“ еврото

Еврото ослабе поради војната на Блискиот Исток.

Европската валута ослабе за околу два проценти во однос на американскиот долар оваа недела, откако војната на Блискиот Исток повторно го отвори прашањето за енергетската ранливост на Европа. Зголемувањето на цените на енергијата особено влијае на европската економија, што директно се одразува на движењето на европската валута.

Како што објави Блумберг, цената на нафтата се зголеми за повеќе од 15 проценти, додека цените на природниот гас во еден момент се удвоија. Ваквиот скок повторно ја стави во фокус големата зависност на Европа од увоз на енергија, првенствено нафта и гас.

Еврото денеска ослабна за 0,25 проценти во однос на американскиот долар и се тргуваше по курс од 1,1605 долари, по отворањето на 1,1633 долари и откако накратко достигна дневен максимум од 1,1647 долари.

Во средата еврото забележа раст од 0,2 проценти во однос на доларот, што беше прв дневен раст по три последователни сесии на пад и делумно закрепнување од четиримесечното дно од 1,1530 долари.

Слично

Поврзани вести