„ВОЈНАТА И ДА ЗАВРШИ СЕГА, ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА Е ДАЛЕКУ ОД КРАЈОТ“: Оценките на директорот на саудискиот нафтен гигант „Арамко“
Амин Насер, извршен директор на Саудискиот нафтен гигант
„Арамко“ изјави дека
плановите за електрична енергија и зголемувањето на даноците за енергетските
компании не се долгорочни или корисни решенија за светската енергетска криза,
пишува Ројтерс.
- Замрзнување или ограничување на сметките за енергија може да им помогне на потрошувачите на краток рок, но не се занимава со вистинските причини и не е долгорочно решение. И оданочувањето на компаниите кога сакате да го зголемите производството очигледно не е корисно - рече Насер на форумот во Швајцарија.
Според плановите на ЕУ објавени минатата недела, вишокот на профит на енергетските компании ќе биде прераспределен за да го олесни товарот на потрошувачите.
- Конфликтот во Украина секако ги зајакна ефектите од енергетската криза, но тоа не е основната причина. За жал, дури и конфликтот да заврши денес, што сите го сакаме, кризата не би завршила, рече тој.
Насер, кој е на чело на најголемиот извозник на нафта, тврди дека континуираното недоволно инвестирање во јаглеводороди во време кога алтернативите за фосилни горива сè уште не се достапни е основната причина за проблемот.
ФОТО: EPA