Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ВОЈНА СО РАКЕТИ“: Што ќе се случува во Грција?

„ВОЈНА СО РАКЕТИ“: Што ќе се случува во Грција?

На островот Хиос во Грција и годинава, Христовото воскресение ќе биде одбележано со традиционалната „војна со ракети“. Станува збор за еден од најкарактеристичните и најневообичаените велигденски обичаи во Грција.

Ова се подготвува со месеци. 

Во селото Вронтадос, два табори, од две различни цркви, на оддалеченост од 400 метри, со рачно изработени ракети од пиротехнички материјал меѓусебно „војуваат“ кој повеќепати ќе го погоди црковното ѕвоно на црквата од противничкиот „тим“.

„Војната“ се води меѓу двете цркви Агиос Маркос и Панагија Еритианис. Околните куќи уште од вчера се заштитени од евентуални штети, а оваа година, планирано е да се испукаат 10.000 ракети, број што е помалку од порано. 

Рачно изработените ракети се поставуваат на дрвени основи, а со свиреж се означува почетокот на „војната“. По час и половина следува пауза, а штом од црквите и верниците се чуе „Христос Воскресе“, ракетите повторно се упатуваат кон противничкиот табор.

Слично

Поврзани вести