Економија, финансии, бизнис

Контакт

Војна меѓу Адвокатската комора и Стопанската комора на Македонија

Војна меѓу Адвокатската комора и Стопанската комора на Македонија

Адвокатската комора, чиј претседател е Никола Додовски влезе во отворен судир со бизнисмените од Стопанската комора на Македонија, кои се пожалија дека новите закони за нотаријат и извршување се на штета на компаниите, а во интерес на адвокатите. Додовски, писмено им порачува дека со таквите тврдења  ја дезинформираат јавноста.

Новите закони за нотарија и извршување предвидуваат за одредени поднесоци во постапките пред нотар и извршител, компаниите да ангажираат адвокат,  на што не се согласуваат во Стопанската комора и сметаат дека тоа треба да го прават правниците што компаниите ги имаат вработено. Дополнително, Стопанската комора смета дека со овие закони се прави дискиминација на правниците во однос на адвокатите. Но, на ваквите тврдења на Стопанската комора, следуваше остра писмена реакција од Адвокатската комора.

„За разлика од Стопанската комора, која наводно ја штити позицијата на минимален број вработени во одредени компании и шири невистини во врска со овие закони, значајно е да се истакне дека адвокатите само на годишно ниво вработуваат над 300 правници. А Во Македонија има 2.504 активни адвокати и тие се главни вработувачи  на 99 отсто од дипломираните правници во земјава, посочија од Адвокатската комора.

Стопанската комора тврди дека најголем дел компаниите што се нивни членки имаат свои правни служби со седум до осум вработени. Во дел од компаниите правниците имаат и положено правосуден испит, а помал од компаниите кои немаат правна служба имаат ангажирано адвокатски куќи на постојана основа.

„Сега се  доведуваат во прашање еднаквата положба на професиите и прават дискриминација на дипломираните правници наспрема адвокатите, иако имаат исти квалификации - дипломирани правници, искуство на правни работи и положен правосуден испит, посочија од Стопанската комора на Македонија.  

Но, од Адвокатата комора сметаат дека тавките тврења се неиздржани.

„Невистина е дека вработените правници имаат исти лиценци, тие немааат адвокатски лиценци и не може да имаат адвокатски лиценци кога се вработени правници. Статистиката, пак, дека бројот на  вработени лица во правните служби со положен правосуден испит се движи од еден до пет сметаме дека е произволна“, аргументираат од Адвокатската комора.

Додовски писмено и порача на Стопанската комора наместо да ги дезинформир своите членки дека новите решенија најмногу ќе влијаат врз зголемување на трошоците во работењето, одолговлекување на постапките и потребата од реорганизација на правната служба во компаниите, да ги информира дека кај дел од постапките трошоците дури и ќе се намалат.

 “Стопанската комора е должна да ги едуцира своите членки и во овој контекст да им објасни во кои постапки за наплата на побарувања е потребно ангажирање на адвокат,  потоа дека се укинува нотарскиот акт што беше наметнат како задолжителен за повеќе правни состојби- со што повеќе од двојно се намалуваат трошоците, но и дека во постапките каде е предвидено задолжително на присуство на адвокат - на адвокатот му следува 50% од наградата на нотарот,посочија од Адвокатската комора.

Но, за Стопанската комора ниту во текот на носењето на законите не било доволно објаснувањето дека постапките нема да поскапат, бидејќи сметаат дека досега и многу послоќени постапки ги воделе нивните правници.

„И покрај тоа што беше образложено дека постапките нема да поскапат, односно дека за сметка на трошоците за награди за адвокат ќе се намалат трошоците за награди на нотар и за извршител, ваквите решенија ќе претставуваат дополнителен трошок за ангажирање на адвокати, особено ако се земе во предвид дека за многу покомплексни работи за кои било потребно да се поднесе тужба и други поднесоци пред надлежен суд или да се застапува компанијата пред надлежен суд, составувањето на правните акти и дејствијата се преземаат од страна на дипломираните правници кои се во работен однос во компаниите, посочуваат од Стопанската комора на Македонија.

Новите законите треба да почнат да важат од први јануари догодина.

Наташа Стојановска

Слично

Поврзани вести