Економија, финансии, бизнис

Контакт

Воените трошоци лани достигнаа рекордно ниво во светот

Воените трошоци лани достигнаа рекордно ниво во светот

Повеќемесечните тензии што ѝ претходеа на инвазијата на Украина го поттикнаа светот повеќе да размислува за одбраната.

Глобалните трошоци во оваа област се покажаа значително зголемени минатата година, надминувајќи го за прв пат нивото од 2 трилиони долари. Новиот извештај на Меѓународниот институт за мировни истражувања со седиште во Стокхолм вели дека и покрај економските последици од пандемијата на коронавирус, трошоците за одбрана се зголемиле за 0,7 отсто минатата година, во споредба со 2020 година, достигнувајќи 2.113 трилиони долари.

Петте земји со најголема потрошувачка се: САД, Кина, Индија, Велика Британија и Русија, се забележува во извештајот. На САД отпаѓаат 38 отсто од воените трошоци, додека Кина со 14 отсто. Според Институтот, воените трошоци во Русија се зголемени за 2,9 отсто, односно на 65,9 милијарди долари или 4,1 отсто од бруто домашниот производ.

Зголемувањето на трошоците во целина дојде во време кога Москва се подготвуваше за инвазија на Украина, се вели во документот. Украина, од друга страна, забележа пад на трошоците за одбрана минатата година - на 5,9 милијарди долари или 3,2 отсто од нејзиниот бруто домашен производ.

Сепак, се забележува во извештајот, вкупните трошоци за одбрана во Украина се зголемени за 72 отсто откако Русија го анектираше полуостровот Крим во 2014 година.


Слично

Поврзани вести