Воените игри веќе скапо ја чинат Русија: Рубљата стана најризична валута
Tурската лира веќе не е најризична валута, туку оваа непосакувана титула и припадна на руската рубља, пренесува Блумберг.
За прв пат од мај оваа година тримесечните промени на курсот, односно премија која се плаќа на продажните дериватски договори на лирата кон доларот во однос на купувањето, паднал под оној за рубљата.
Ризикот на промена на курсот за лирата паднал на 3,8 отсто поени, додека во август, на врвот на турската валутна криза изнесувал 12 поени.
Тој пад е забрзан откако Централната банка на Турција во септември ги подигна референтните каматни стапки на 24 отсто.
Уште поголем интерес за лирата кај инвеститорите следи по одлуката на САД за укинување на некои санкции, кои следеа кога Анкара овој месец се согласи да го ослободи американскиот свештеник Ендру Брансон.
Во меѓувреме, рубљата е под се поголем притисок поради падот на цената на нафтата и инвеститорите се грижат САД дека би можеле да ги заострат санкциите кон Русија.
Ризикот на промена на курсот на рубљата силно скокнал во понеделникот по инцидентот со украинските воени бродови во Азовското море, кога рубљата во однос на доларот изгубила 1,7 отсто на вредноста.
