„Водоводџиите и електричарите ќе бидат најплатените работници - Во иднина факултетските дипломи ќе бидат неважни“
Развојот на вештачката интелигенција не може да продолжи без овие работници...
Со подемот на вештачката интелигенција, многумина почнаа да стравуваат дека набрзо нивните професии целосно ќе бидат избришани, и заменети со паметни роботи кои многу побрзо и попрецизно ќе ги извршуваат задачите.
Додека многумина се прашуваат дали вештачката интелигенција ќе им ја „земе“ работата, извршниот директор на Nvidia, Jensen Huang, тврди дека барем една група професии нема причина за страв – занаетчиите.
Говорејќи на Светскиот Економски Форум во Давос, Хуанг изјави дека бумот на „вештачката интелигенција“ создава огромна побарувачка за физичка работна сила, особено за изградба на дата-центри и фабрики за чипови.

„Прекрасно е што овие работни места се поврзани со занаетчиство – ќе ни требаат водоинсталатери, електричари, градежници, челичари“, рече тој во разговор со директорот на BlackRock, Лери Финк, а пренесува Business Insider.
Хуанг го опиша развојот на вештачката интелигенција како „најголемата инфраструктурна изградба во историјата на човештвото“, нагласувајќи дека тој процес ќе отвори огромен број нови работни места.
Според него, во САД веќе има „значително зголемување“ на побарувачката за занаетчиски професии поврзани со изградба на AI инфраструктура, а платите во некои случаи речиси се удвоиле.
Во продолжение повеќе прочитајте на Женски Магазин