Економија, финансии, бизнис

Контакт

Водовод ја одбра најниската понудена цена на вода од РКЕ

Водовод ја одбра најниската понудена цена на вода од РКЕ

Јавното водоводно претпријатие од Скопје ја информира јавноста дека од трите понудени цени на Регулаторната комисија за енергетика одбрана е најниската, па затоа и се очекува годинава да нема поскапување на водата од чешма.

„Почнувајки од 01.01.2018 година тарифата на водните услуги се формира на предлог на Регулаторна комисија на РМ. Од трите доставени предлози за корекција на цената на водните услуги (најниска, средна и највисока) од страна на Регулаторна комисија на РМ, ЈП Водовод и канализација – Скопје до Управниот одбор на претпријатието предложи да се прифати предлогот за корекција водните услуги од најниско ниво, со кој цената која се однесува на водата за пиење и трошокот за отпадните води од досегашните 29.39 денари за м3 се намалува на 28.67 ден за м3. Исто така ЈП Водовод и канализација – Скопје го превзема во своја надлежност одржувањето на две пречистителни станици за отпадни води на реките Лепенц и Треска, чие одржување на годишно ниво чини околу 100.000.000,00 денари. За оваа ставка ЈП Водовод и канализација – Скопје до УО на Претпријатието исто така предложи да го прифати најнискиот предлог од Регулаторна комисија на РМ кој изнесува 2.04 ден. за м3. На седницата одржана на 10.01.2018, Управниот одбор ги прифати предлозите за корекција на водните услуги од страна ЈП Водовод и канализација – Скопје и овие предлози ќе бидат доставени до Советот на Град Скопје за понатамошно разгледувње и одлучување“ соопштуваат од ЈП Водовод.

Фактор претходно веќе изработи детална анализа за начинот на кој се формира водата од три категории на услуги и колку сите тие поединечно ќе чинат оваа и двете следни години кои ни претстојат.

Во ова соопштение на ЈП Водовод Скопје не е посочено колку ќе чини услугата собирање и одведување на отпадни води.

Слично

Поврзани вести