Економија, финансии, бизнис

Контакт

Водовод и канализација: Не градиме мрежи, туку само ги одржуваме

Водовод и канализација: Не градиме мрежи, туку само ги одржуваме
ЈП Водовод и канализација се јави се реакција и демант на делови од текстот во Фактор “100% барокна зграда, 30% атмосферска канализација”. Реакцијата ја пренесуваме во целост:                         Што се однесува до изграденоста на атмосферската канализација. Изграденоста на магистралната  атмосферска канализација по градските улици е околу 80%, а неизградениот дел, односно другите 20% се  резултат на непробиените и нереализирани булевари  и улици. Изграденоста на секундарната атмосферска канализација што е обврска на општините (затоа што треба да покријат улици што се во општинска ингеренција) е на незадоволително ниво и оттука е потребна доизградба на истата, како би имале поефикасен канализационен сепаративен систем, со што би се намалиле  проблемите кои настануваат при дождовите. Сакаме уште еднаш да потенцираме и да разјасниме дека ЈП Водовод и канализација Скопје како претпријатие под градот Скопје, по законот е одговорно за примарната атмосферска мрежа на главните улици и булевари во градот, додека за изградба на секундарната мрежа односно мрежата по другите улици се одговорни општините. ЈП Водовод и канализација НЕ ГРАДИ МРЕЖИ, туку истите ги превзема и ги одржува, затоа сметаме дека се крајно несериозни обвинувањата од Ваша страна кон ЈП Водовод и канализација - Скопје за капацитетот на атмосферската мрежа. Вториот дел од текстот кој што сакаме да го демантираме е околу сумата на новата управна заграда на ЈП Водовод и канализација – Скопје. Новата управна зграда веќе е при крај и се финализираат последните работи околу изградбата. Истата според нашите проценки се очекува да чини 6 до 7 милиони евра.
Слично

Поврзани вести