ВОДОРОДОТ ЌЕ БИДЕ ГАС НА ИДНИНАТА: Олаф Шолц најави „енергетски бум“
Германија сака да
постигне огромен напредок во индустријата за водород, како дел од напорите да
ги замени сопствените извори на енергија и да ги постигне климатските цели,
изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.
Опишувајќи го водородот како гас на иднината, Шолц во говорот по повод Денот на германските работодавачи вети дека Германија ќе „предизвика голем бум“, наведува Ројтерс.
Тој додаде дека земјата ќе обезбеди инфраструктура неопходна за увоз на целиот неопходен гас до крајот на 2023 година и укажа на изградбата на терминал за течен природен гас на брегот, што е во тек, наведува британската агенција.
Шолц минатиот месец беше во Канада, кога двете земји потпишаа договор за долгорочна соработка во производството и транспортот на горивото на иднината, климатско неутрален „зелен“ водород, а беа одржани одделни разговори за изградба на LNG терминал на канадскиот атлантски брег во следните пет години.
