Водолиите мразат бавни луѓе, а на Биковите парите им се најважни!
Сите имаме маани и предности, но доколку не можете да ги откриете слабите точки кои ве тераат на солзи, хороскопот може да ви помогне.
Овен
Припадниците на овој знак мразат некој да им наредува. Иако Овновите се храбри и силни, нивна слаба точка е семејството. Токму поради тоа ним им е потребен партнер кој секогаш ќе биде достапен.
Бик
Оние кои не ве познаваат мислат дека можете да направите сè што ќе посакате. Но, сепак не сакате да ризикувате, посебно не кога има големи шанси да останете без финансиска поддршка. Станбениот простор и личностите кои ги сакате ви се двата главни приоритети без кои би биле изгубени.
Близнаци
Ваша слаба точка е нервниот систем, па вашиот противник може лесно да ве доведе до состојба на очај, доколку почне да ви ги тренира нервите. Тогаш не ви помага вродената снаодливост, ниту интелигенцијата, затоа што ве обзема паника. Затоа, избегнувајте ситуации во кои вашата немоќ, нервоза и депресивност може да биде лесно видлива.
Рак
Вашата загриженост е последица на вашата вродена несигурност и стравовите кои ве обземаат. Затоа, барате стабилен и сигурен партнер. Статусот во друштвото ви е втората работа која ве загрижува.
Лав
Суетата која нема граница понекогаш знае да ви предизвика големи проблеми, така што оние поитрите упорно ќе ве освојуваат, без да знаете дека ве манипулираат. Постојано се плашите од јавно потсмевање и губење на моќта која посакувате да ви е вечно загарантирана.
Девица
Девицата е знак кој мрази криткување кога се работи за својот стил на облекување, како и нивниот распоред на мебелот во домот. Доколку ги искритикувате, Девиците стануваат навистина чувствителни и постои можност да ви замерат поради тоа.
Вага
Никогаш немојте да ги натерате припадниците на овој знак да го искажат своето мислење, тие самите ќе го кажат кога ќе мислат дека е вистинско време. Тие не поднесуваат караници и сопки, па ако се обидете да се скарате со нив, тие едноставно ќе ве игнорираат и ќе ве одминат.
Скорпија
Скорпиите исто така не сакаат кога некој им наредува. Доколку им инсистирате на одредена работа, тие едноставно нема да ве послушаат, а може да се случи и да направат нешто спротивно од тоа што вие им наредувате. Ако повредите припадник на овој знак, знајте дека тие тешко простува, не сакаат лаги и никогаш не забораваат .
Стрелец
Стрелците едноставно не сакаат обврски. Тие работат кога им се работи, ако ги терате за нешто, само ќе ја влошите состојбата. Исто така не сакаат да поминуваат време во затворен простор, најдобро се чувствуваат во природа.Не сакаат ниту молчеливи личности.
Јарец
Припадниците на овој знак тешко ја поднесуваат туѓата несериозност, бидејќи ретки се ситуациите кога и тие самите се несериозни. Мразат кога ги брзате, поради една причина: тие секогаш доцнат. Затоа и не сакаат состаноци кои се закажни во одредено време.
Водолија
Водолиите не сакаат бавни луѓе кои одолговлекуваат со своите обврски. Кај Водолиите се мора веднаш да се заврши бидејќи едноставно не можат да се помират со фактот дека нешто се уште не е завршено.
Риби
Рибите тешко поднесуваат кога некој ги игнорира. Рибите не можат да поднесат кога му помагаат на некој, а тој не ја цени нивната помош и труд. Исто така тие не можат да функционираат најдобро ако немаат некој цел или мисија.
Слично
