Економија, финансии, бизнис

Контакт

Водата по земјотресот е безбедна за пиење, тврдат од Водовод

Водата по земјотресот е безбедна за пиење, тврдат од Водовод
По појавувањето на повеќе слики со црвена или заматена вода на социјалните мрежи од центарот за санитарна контрола на ЈП Водовод укажуваат дека водата за пиење е безбедна за пиење. Денес се извршени повеќе контроли и се земени мостри, па почетните резултатите се позитивни и нема никакви причини за загриженост. Директорката на центарот Катерина Димовска за ТВ Нова вели дека ова не е невообичаена појава по земјотрес и може да се должи на заматувањето на изворите или на градските чешми како и од корозијата на самите цевки. Затоа порачува доколку граѓаните забележат одреден проблем да го пријават во ЈП Водовод.
Слично

Поврзани вести