Економија, финансии, бизнис

Контакт

Водата и енергијата во иднина најголеми проблеми на Македонија

Водата и енергијата во иднина најголеми проблеми на Македонија

Во наредните години се очекува водата и енергетијата да бидат двата најголеми проблеми со кој ќе се соочи Македонија , покажуваат анализите од Програмата за зелен развој на Светска банка.

Ерика Јоргенсен раководител на Програмата за зелен развој од Светска банка смета дека водата во земјава е веќе во ограничени колични и оти со натамошните климатски промени ќе биде уште поголемо ограничување врз развојот на Македонија.

- Во делот на енергетиката Македонија веќе се соочува со проблемите, но треба да се размислува за иднина каков вид енергија ќе се употребува. Дали ќе се употребува енергија која има големо ниво на загадување или енергија која е пријателски наклонета кон животната средина, односно опфаќа повеќе обновливи извори на енергија, рече Јоргенсен.

Македонија како и сите други земји се соочува со предизвици и проблеми на краток рок, но, како што додаде, државата инвестира до одреден степен и како земја кандидат ќе преговара со Европската унија за тоа што е соодветно и што може да постигне.

Како дел од активностите за зголемување на свесноста кај граѓаните Светска банка имаше награден конкурс за фотографија каде биле пријавени повеќе од 200 слики од околу 70 автори.

Слично

Поврзани вести