Економија, финансии, бизнис

Контакт

Водачот на бандата „Пинк Пантер“ однесе во гроб тајна вредна 11 милиони долари

Водачот на бандата „Пинк Пантер“ однесе во гроб тајна вредна 11 милиони долари

Борко Илиниќ, еден од водачите на бандата на крадци „Пинк Пантер“, пронајден е мртов во својата ќелија во затворот во Обединетите Арапски Емирати и со тоа се смета дека во „гроб ја однел“ тајната вредна 11 милиони долари. 

Илиниќ најпрво беше естрадириран од Шпанија во Дубаи за да одговара за грабежот извршен во 2007-ма кој беше извршен на спектакуларен начин во трговскиот центар „Вафи“. Групата на „Пинк Пантер“ упадна со два автомобили, ја пробија златарата „Граф“ и за само една минута успеаја да украдат скапи дијаманти, накит и часовници вредни 11 милиони долари.


Сепак, истражителите и во Шпанија и во Дубаи не дознаа од Илиниќ што се случило со богатиот плен, дали кражбата е извршена по нечија наредба и каде завршиле дијамантите. Илиниќ најпрво беше осуден на доживотен затвор, за потоа казната да му биде намалена на 10 години. Останатите „бандити“ исто така не открија што направиле со дијамантите.


Слично

Поврзани вести