Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коха Диторе: Водачите на вооружената група во Куманово преговарале со УБК

Коха Диторе: Водачите на вооружената група во Куманово преговарале со УБК

„Коха диторе" објави нови сознанија за лицата кои беа дел од вооружената група во судирите во Куманово. Според весникот, Бег Ризај и Мирсад Ндрецај, како водачи на 44 луѓе, пред инцидентот во Куманово, планирале да го нападнат затворот во Гердовце кај Подујево. Планот бил да ослободат двајца затвореници кои се сметаат за едни од најопасните на Косово, лица со со иницијали Б.К. и Б.Б. Весникот се повикува на документи на Косовската разузнавачка агенција и косовската полиција.

Овие информации биле добиени во процесот на следење и прислушување поради сомневања дека лидерите на групата се среќавале со исламистички радикали. Истрагата била отворена во 2013 година. Уште тогаш било утврдено дека се планирале оружени инциденти во Македонија, пренесе Алсат-М. Како што пишува овој медиуми планот не бил да има жртви, туку само да се предизвика несигурност слично како со настанот кај караулата Гошинце. Обвинителот на Специјалното Обвинителство на Косово Али Реџа потврди дека лицата кои бел дел од кумановската група биле цел на истрага. Во интервју за РТК, Реџа изјави дека Обвинителството не спроведела истрага за настаните во Куманово, туку работело на случај пред да се случи Куманово. „Јас веќе работам на случајот што се случило пред Куманово. Се очекува многу посериозен настан што на Косово и ги истражуваме материјалните докази. Ние следиме кој е вклучен во овој случај“, рече Али Реџа - обвинител на Специјалното обвинителство на Косово. Запрашан дали овој случај е поврзан со Куманово, Реџа вели: „Овој случај не е поврзан со кумановските настани, но луѓето кои се вклучени во Куманово имаат врска со овој настан, што се случува на Косово“. Реџа рече дека сите косовски државјани кои се во притвор за случајот Куманово, мора да одговараат. Според "Коха Диторе", косовската разузнавачка агенција и полицијата обезбедиле докази дека четворица од групата во Куманово - тројца косовски и еден македонски државјанин - соработувале со Управата за безбедност и контраразузнавање и со Агенцијата за разузнавање на Република Македонија. Според информациите, македонски државјанин со иницијали Ш.М., официјален претставник во македонската тајна служби неколку пати се среќавал со овие лица во Приштина и во Урошевац. На состаноците се изработувал акциски план. Според информациите на весникот овој претставник на македонската служба на тројцата Косовци им ветил 2 милиони евра.

(Извор: Алсат-М)

Слично

Поврзани вести