Вода, детска храна, пелени, ќебиња се дел од помошта за Србија од Кисела Вода
Општина Кисела Вода во рамки на хуманитарната акција „Да подадеме рака“ обезбеди 450 пакети со вода, 100-ина пакети детска храна, пелени и конзервирана храна 50-ина ќебиња и јоргани, 150 пакети за лична хигиена, многу облека, обувки...
Помошта која ја донираа жителите и компаниите од оваа општина синоќа натоварена во камион шлепер ја упатија кон собирниот пункт на Црвениот крст во Момин Поток од каде ќе се упати кон поплавените подрачја во Србија и БиХ.
Хуманитарната акција се одржа вчера во општинската сала и во сите 15 месни заедници.
Слично
