Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Зрењанин се бараат заварувачи, бравари и лакери

Во Зрењанин се бараат заварувачи, бравари и лакери

Италијанскиот инвеститор Текнострутуре во индустриската зона во Зрењанин, бара заварувачи, бравари и лакери.

Оваа фирма има традиција над 4 децении, се занимава со челични конструкции за мостови, аеродроми, трговски центри, индустриски погони и други објекти. Таа ќе го шири производството за европскиот пазар. Се очекува производството да почне во јуни или јули годинава. За идните вработени ќе има обука, која дел ќе биде во Србија, а дел во Италија.

Пријавувањето ќе трае до 20 мај, а инвестицијата е 3.5 милиони евра. Досега се пријавиле 150 кандидати, од кои 40 влегле во потесен круг. Но, заинтересираните уште имаат време да се пријават.

Слично

Поврзани вести