Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во знак на солидарност Папата ќе ги посети бегалците на Лезбос

Во знак на солидарност Папата ќе ги посети бегалците на Лезбос

Папата Францис на 16 април ќе го посети грчкиот остров Лезбос, објави Ватикан.

Тој ќе направи еднодневна посета во знак на поддршка на бегалците и да привлече внимание на првата линија на европската мигрантска кризa. Лани илјадници бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан поминаа преку овој остров на Егејското Море. Но, според договорот меѓу ЕУ и Турција, грчките власти почнаа да ги враќаат бегалците во соседна Турција.  Портпаролот на Ватикан, отецот Федерико Ломбарди изјави дека Папата сака да покаже чувство, солидарност и одговорност.

Папата повеќепати изрази поддршка за бегалците, повикувајќи ги католиците во Европа да им дадат засолниште на семејствата на имигрантите.

Слично

Поврзани вести