Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ЗНАК НА БЛАГОДАРНОСТ: Доналд Трамп доби езеро на Косово

ВО ЗНАК НА БЛАГОДАРНОСТ: Доналд Трамп доби езеро на Косово

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп доби езеро на Косово. 

Србите на северот на Косово и Метохија поставиле транспаренти на Брњачкиот мост и на браната на езерото Газивода, со кои му испратиле порака за поддршка на Трамп.

На мостот е закачен транспарент со порака на англиски јазик „Претседателе Трамп, косовските Срби ви благодарат што воспоставивте мир“, пренесува порталот „Косово онлајн“.

Транспарентот е поставен на браната на езерото Газивода и на него пишува „Езеро Трамп“.

Ова е поради неговата борба за мир и напредок во регионот и неговиот ангажман во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Србија и Косово во четвртокот се согласија да го именуваат езерото на спорна територија според претседателот Доналд Трамп, пренесува „Газета експрес“.

Езерото, познато кај Косоварите како Ујман, а кај Србите како Газивода, е предмет на спор меѓу двете земји: околу 80 отсто од неовите води се на Косово, а 20 отсто во Србија. 

Koсовските власти потврдија дека ваква иницијатива постои. 

Слично

Поврзани вести