Во земјава пристигна советникот на Меркел кој треба да ни помогне за реформите
Специјалниот советник на германската канцеларка, Ангела Меркел почнува со работа во Македонија.
Германскиот експерт Валтер Дефа, што во Македонија го испрати Меркел, денеска го одржа првиот состанок во Владата со вицепремиерот Кочо Анѓушев. На средбата е договорено во следниот период да се работи на дуалното образование, привлекувањето странски инвеститори и подобрувањето на законската регулатива во делот на економијата.Дефа долги години беше претставник на Германија во Европската Комисија, а бил и директор на Генералниот директорат за регионална политика.
Премиерот Зоран Заев истакна дека меѓу приоритетите на нашата земја е профилирањето на стручна работна сила за потребите на странските инвеститори, за кој Владата на СР Германија покажа посебен интерес, со оглед потребите на германските компании присутни во земјата, како и на компаниите кои покажаа интерес да инвестираат во Република Северна Македонија.
Слично
